-->
-->
Македонската филхармонија во Кичево
-->
Македонската филхармонија вечер гостува во Домот на културата во Кичево.
Под диригентство на маестро Борјан Цанев, оркестарот ќе ги изведе делата: Арија од Оркестарската свита бр.3 од Јохан Себастијан Бах, „Романса бр.2“ од Лудвиг ван Бетовен каде како солист ќе настапи младиот и талентиран виолинист Бојан Илковски, како и Симфонијата во ге-мол бр. 40 од Волфганг Амадеус Моцарт.
Настапот на Македонската филхармонија во Кичево е дел од мисијата на институцијата да ја развива музичката култура и во другите градови во земјава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло