Македонија
15. September 2016 - 11:54

Македонската филхармонија во Кичево

Македонската филхармонија вечер гостува во Домот на културата во Кичево.

Под диригентство на маестро Борјан Цанев, оркестарот ќе ги изведе делата: Арија од Оркестарската свита бр.3 од Јохан Себастијан Бах, „Романса бр.2“ од Лудвиг ван Бетовен каде како солист ќе настапи младиот и талентиран виолинист Бојан Илковски, како и Симфонијата во ге-мол бр. 40 од Волфганг Амадеус Моцарт.

Настапот на Македонската филхармонија во Кичево е дел од мисијата на институцијата да ја развива музичката култура и во другите градови во земјава.