Македонската економија со раст од три проценти, прогнозира ОН
Македонската економија годинава ќе забележи раст од три проценти, се најавува во најновиот извештај на ОН за ситуацијата и перспективите на светската економија во 2019 година.
Како клучен фактор за развој на економијата во извештајот се наведуваат пробивот во процесот на приклучување на земјата во ЕУ која очекува годинава да ги отвори преговорите за членство. Се очекува зголемување на инвестициите и на извозот, натамошно намалување на стапката на невработеност, а се препорачува натамошно подобрување на бизнис климата и на пазарот на труд.
ОН во извештајот прогнозира раст на БДП од три проценти и за 2020 година, а инфлацијата и за годината и за наредната 2,1 отсто.
Македонија минатата година според извештајот ја завршила со раст на БДП од 2,5 проценти, а невработеноста паднала на 21 процент.
Во земјите во регионот ОН предвидува раст на БДП во Албанија и Србија четири проценти, БиХ три, Црна Гора 3,7.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228