Македонија
12. јуни 2022 - 19:44

Македонската црква во канонско единство со останатите православни цркви

Премиерот ја имаше честа на литургијата да го прочита симболот на верата нешто што се практикува во Вселенската патријаршија кога присуствува претставник на држава. Тоа беше изненадување за сите присутни верници бидејќи ретко се гледа таков чин и таква можност за државен функционер на Македонија.

Премиерот веднаш по литургијата имаше и средба со вселенскиот патријарх на која е разговарано за овој историски ден но и за тоа сто и како ја очекува нашата црква Охридската Архиепископија во следниот период. Со оглед на тоа дека премиерот Ковачевски како и другите државни претставници испраќаа писма за признавање на автокефалноста до вселенскиот патријарх.

Од црковен аспект денешниот ден е историски во вистинска смисла затоа што се официјализира одлуката на Вселенската патријаршија за признавање на канонскиот статус на Охридската Архиепископија што е клучен момент после 55 г. на патот кон целосна автокефалност.

Денешниот настан беше голема радост за огромен број верници кои дојдоа да го прослават Духовден со заедничка служба на архиепископот Стефан и патријархот Вартоломеј.

Како заокружување на оваа петдневна официјална посета утре ќе се случи исто така историски настан а тоа е Охридскиот архиепископ заедно со владиците на МПЦ во црквата Св. Троица на Таксим ќе ја отслужат првата литургија во црква на Вселенска патријаршија на македонски јазик.