Македонската армија на 108 место во светот

Армијата на Северна Македонија е рангирана на 108 место на листата најмоќни војски во светот, што ја објави специјализираниот портал кој се занимава со воени анализи „Global Firepower“.
Според листата на најмоќни армии во 2023 година, очекувано на прво место се САД, а потоа следат Русија, Кина, Индија, Велика Британија, Јужна Кореја, Пакистан, Јапонија, Франција, Италија, Турција, Бразил, Индонезија, Египет, Украина, Австралија, Иран, Израел, Виетнам, Полска, Шпанија, Саудиска Арабија, Тајван, Тајланд и Германија.
Во регионот на Југоисточна Европа, најмоќна армија има Грција која е на 30 место, Србија е 58, Бугарија 59, Хрватска 68, Словенија е 86, Црна Гора 128, а Босна и Херцеговина е на 133 место

На листата има 145 земји, рангирани според нивната воена моќ, а при креирањето на листата биле земени предвид различни фактори, како што се степенот на софистицираност на воената опрема, финансиите, географијата и ресурсите.
Рангирањето ги зема предвид и факторите како што се количината на воена опрема и војници што секоја земја ги има, како и нивната финансиска положба, географија и расположливите ресурси. Листата е направена врз основа на конвенционалното оружје, додека нуклеарните капацитети не се земени предвид.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Емил Георгиев, пилот на владиниот лирџет
-

Стојанче два пати ја тепал Ивана на денот на самоубиството, ОЈО Скопје објави детали
-

Техеран им се извини на соседите
-

Наместо сеопфатен интегриран систем за поддршка од семејно насилство, жртвите добиваат бирократија
-

Адвокатот на „ОМО Илинден“ Менкиновски, доби црн печат за влез во Бугарија
-

Ќе се градат две катни гаражи на Клинички, цените за паркирање ќе останат исти
-

Мицкоски уверува: Ќе интервенираме ако има драстичен скок на цената на нафтата
-

Почна изградбата на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ вреден 42 милиони евра
