Македонска влада за Мицотакис: Не е точно дека го прекршуваме договорот Преспа, Брисел да не оценува по реформите
Македонската влада ги отфрли наводите на грчкиот премиер Мицотакис дека Македонија го прекршила Договорот од Преспа и кој вчера во Брисел го отворил прашањето за наводно непочитување на европското законодавство од страна на земјава поради тоа што во заклетвата претседателката Силјановска не го употреби уставното име, додека пак, премиерот Мицкоски најави дека во своите изјави ке го користи името Македонија.
„Во целост ги отфрламе наводите за наводно кршење на Договорот од Преспа од страна на клучните политички личности во државата, и превземените обврски согласно Уставот.
Истакнуваме дека државата продолжува да ги почитува превземените обврски од Договорот од Преспа во сите негови аспекти, вклучувајќи го тука и употребата на името "Македонија", како и името "Северна Македонија" во соодветни формати и прилики утврдени со Договорот и Уставот на државата“, велат од Владата.
Од таму додаваат дека превземените обврски се двонасочна улица, и воедно треба да се земат во предвид и обврските кои ги има соседна Грција а кои не се исполнети.
„Исто така, сакаме да нагласиме дека процесот на европски интеграции продолжува да биде наш важен приоритет. Ние сме уверени дека нашиот напредок и придонес кон регионалната стабилност и безбедност, како и нашата посветеност на реформите, ќе бидат правилно оценети и вреднувани од страна на Европската унија.“, се вели во одговорот од македонската влада.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет