Македонска вечер во Брвеница, средствата ќе бидат наменети за изработка на мурал на загинатите бранители од 2015
Со интонирање на македонската химна од Јована Богданоска, со големото македонско оро предводено од КУД Брвеница и Спасен Силјановски, со звуците на тапаните и зурлите и со македонските патриотски песни интерперетирани од Христијан Трајаноски – здружението Патриотско Друштво организираше голема македонска вечер во Брвеница. Настан кој ја спојува традицијата, обичаите и љубовта кон македонскиот мелос има и племенит карактер - односно собраните средства ќе бидат наменети за правење на мурал во чест на двајца загинати бранители од 2015 година.
ОД КУД Брвеница велат дека до сега настапувале на многу собири и настани но никогаш немале шанса во својот дом да бидат дел од ваква македонска вечер со хуманитарен карактер.
На настанот имаше многу гости, луѓе организации кои даваа своја поддршка, а меѓу пристуните беше и Никола Николовски Боемот кој ја поздрави иницијативата и организацијата на Патриотско Друштво.
Христијан Трајаноски со својот глас ги збогатува сите македонски вечери во организација на Патриотско друштво а како тој вели тие се есенцијални за зачувувањето на македонската музика, за јакнењето на националното чувство и ширењето на македонизмот.
Пристутните во еден глас ги пееја македонските песни, заеднички играа македонско оро а беа доделелни и благодарници на сите оние ги овој настан го направија возможен.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
