Македонска премиера на краткометражниот игран филм "Незрели цреши"
Во кино салата Фросина во Младинскиот културен центар утре во 20 часот ќе се одржи македонската премиера на краткиот игран филм "Незрели цреши", на режисерот Небојша Јовановиќ. Филмот ги претставува тензичните моменти при крајот на воената криза во 2001 година, и во неговата подготовка се искористени и архивски материјали на Македонската Радио Телевизија како и на новинарката Мира Костиќ.
Коле Ангеловски, Изабела Новотни, Душица Стојановска, Селпин Керим, Александар Микиќ, Фисник Зекири и Ѓорѓи Тодоровски – Трупче се дел од актерската екипа на филмот. Филмот, чие дејствие целосно се случува во воз во движење, кој беше ко-продуциран во соработка со водечката продукциска куќа FX3X.
- Имавме прекрасно искуство при работата на овој филм во кој беа вложени чисти и искрени емоции, изјави актерот Селпин Керим при прес конференцијата во понеделникот.
"Незрели цреши" веќе предизвика значително внимание кога беше претставен во официјалната селекција на Меѓународниот филмски фестивал во Драма, Грција - најголем фестивал за краткометражни филмови на Балканот и фестивал - партнер на Европската филмска академија. Филмот на Јовановиќ наскоро ќе биде претставен и на фестивалот на независни филмови во американскиот град Петалума, како и во Торонто.
Ново на Сител
-
Мицкоски на средба со Кос: Подготвени сме да разговараме за се што е принципиелно и во полза на држава и граѓаните
-
Предложен притвор за лице кое се обидело да запали албанско знаме
-
Просветниот инспекторат сè уште работи на записник по извршениот вонреден надзор во ОУ „7 Март“ во Челопек
-
Инциденти на седницата на Собранието на Нови Сад, oдбиен предлогот за разрешување на градоначалникот
-
Коцевски доставил предлог за поведување дисциплинска постапка против шефот на Вишото ЈО Скопје Мустафа Хајрулахи и уште еден јавен обвинител
-
Јун прогласи воена состојба во Јужна Кореја
-
Се шири блокадата на факултетите во Белград
-
Леброн: Имаме проблеми во нападот