Македонска делегација на комеморацијата по повод 72 години од ослободувањето на Матхаузен
По повод 72 годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Матхаузен во близина на Линц, во Австрија, денеска се одржа традиционалната комеморација и одавање почит на над 122 илјади жртви во логорот.
Во името на Република Македонија, цвеќе пред саркофагот на жртвите во логорот положи амбасадорот на РМ во Австрија, Василка Попоска Треневска, заедно со претставниците од МПЦО Св. Наум Охридски од Виена Љупчо Домазетовски, Спасе Дишлиевски и Роберт Петрески, како и претставниците на македонското друштво од Линц, Ванчо Делев и Јосе Глигоров.
На церемонијата присуствуваа претседателот на Австрија, Александар Ван Дер Белен, канцеларот Кристијан Керн, како и многу министри и пратеници.
Канцеларот Керн на комеморацијата истакна дека национализмот, шовинизмот и расизмот денес повторно ги покажуваат нивните грди лица, поради што е неопходно да бидат пресретнати со најсилните оружја: солидарноста, толеранцијата и моралната храброст.
Пораката на комеморацијата на македонски јазик пред 7 илјади присутни ја прочита конзулот Румена Томоска.
Ново на Сител
-
Од денеска ќе се вози по експресниот пат Куманово (Страцин)-Крива Паланка
-
Бадникова поворка во понеделник во Кавадарци
-
Манчестер Јунајтед го продолжи договорот со Мегваер до 2026 година
-
Агелер: Доказите за поранешниот вицепремиер Груби се на дофат на македонските власти
-
Тошковски со извинување до велешани за затворањето на мостот во Башино село , вели полицијата ќе обезбеди проток на сообраќајот
-
Од сабота до вторник ЈСП со неделен возен ред
-
Пронајдено телото на мажот кој настрада во синоќешната несреќа кај Рашче
-
15-годишен дилер од Скопје добил кривична пријава