-->
-->
Македонија завиена во црно: Во неделата загубени три млади животи, настрадаа во страотни околности
-->

Вчера претпладне околу 11.40 часот во СВР Велес, од Општа болница Велес било пријавено дека околу 11.00 часот од екипа на Итна медицинска помош бил донесен починат К.К. (32) од Велес. При извршениот надворешен преглед над телото на починатиот, не биле констатирани видливи знаци на насилство. По наредба на Јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес, а телото на починатиот било предадено во Институтот
за судска медицина во Скопје за обдукција.
Вчера околу 14.50 часот во Здравствен дом Валандово, без знаци на живот бил донесен Д.У. (55) од с.Пирава, валандовско. Околу 14.30 часот во дворното место на починатиот, при извршување на земјоделски работи заедно со неговите
соселани З.У. (41) и Д.В. (66), се превтрела тракторска приколка и го усмртила Д.У.. Д.В. со трактор ја повлекол приколката со својот трактор, но таа се наведнала на левата страна и го потиснала Д.У., кој починал веднаш од здобиените повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица. По консултација со Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.
Синоќа околу 19.45 часот на бул. „Борис Трајковски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А. (33) од Скопје удрило во мотоцикл „Тумопар“ со охридски регистарски ознаки, управуван од С.М. (48) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот. Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Скопје, каде им подлегнал на повредите. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен Обвинител, телото било предадено на Институтот за судска медицина за обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Јаневска за Сител: Законот за високо образование е во интерес на сите, издржаните предлози ќе се прифатат
-

Собранието го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Собранието го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Владата се откажува од намерата да купи нов авион
-

Први притвори во Македонија за петте тони марихуана фатена во Србија
-

Дисквалификуваниот Панчевски поднесе кривична до Советот на јавни обвинители
-

Судење за оддавање службена тајна: Димитровска тврди, случајот е последица на ревизорскиот извештај за СЈО
