-->
-->
Македонија загуби во финалето од Естонија
-->
Одбојкарската репрезентација на Македонија е поразена во финалето на Европската лига од селекцијата на Естонија со 3-0 во сетови (25:19; 25:13 и 25:23). Македонија со поразот во финалето втора година по ред ова натпреварување го завршува како второпласирана, откако и лани на завршниот турнир загуби во финалето од Словенија.
Избраниците на селекторот Жарко Ристоски денеска беа совладани од Естонија, која со оваа победа ни се реваншираше за ланскиот пораз во полуфиналето на завршниот турнир. Нашите одбојкари само во третиот сет беа равноправни, додека првите два со подобра игра им припаднаа на ривалите.
Македонија оваа сезона во Европската лига на осум натпревари забележа седум победи и само еден пораз во финалето.
Во дуелот за 3.место на завршниот турнир Австрија го победи домаќинот Бугарија со 3-0 во сетови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива