Македонија загуби од Литванија иако Димитријевиќ постигна 43 поени

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ приреди вистинско шоу во Клаипеда, постигнувајќи неверојатни 43 поени во дуелот против Литванија во квалификациите за Евробаскет 2025. Популарниот Нено беше на чекор да го собори историскиот рекорд на Петар Наумоски од 49 поени, поставен во 1997 година.
Сепак, среќата не беше на негова страна. Шест минути пред крајот, поради повреда на мускулот, Димитријевиќ мораше да го напушти теренот, со што заврши неговата фантастична вечер. Иако одличната игра на Димитријевиќ ја подигна борбеноста и кај останатите репрезентативци, нашата селекција не успеа да одолее на силната Литванија, која славеше со 94:72.
По четири одиграни натпревари, Македонија има скор 1-3 во групата „Х“. За пласман на Евробаскет 2025, потребни се победи на домашен терен против Полска и на гости против Естонија, со услов против Естонија да се надмине разликата од пет поени.
Ново на Сител
-

Македонските ракометарки се пласираа на Европско првенство 2026
-

Обид за опожарување на објектот на еврејската заедница во Македонија и синагогата
-

Џон Кери: Нетанјаху предлагал напад врз Иран на претходни американски претседатели, сите одбиле
-

Папата Лав XIV им честиташе Велигден на верниците кои денеска го слават
-

Кремљ одбива да го продолжи велигденското примирје
-

Техеран: Ормуската Теснина е целосно под контрола на Иран
-

Во вторник во Вашингтон почнуваат преговорите меѓу Израел и Либан
-

Од вторник до четврток променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
