„Македонија во срцето“, македонски јазик се учи во училиште во Нови Сад

“За некои мали чекори потребна е голема сила. Ако постои голема љубов за малите чекори, тогаш нема пат кој не може да се помине, вели наставничката Снежана Алексиќ Станојловиќ, од основното училиште Вељко Влаховиќ во Нови Сад каде таа предава македонски јазик
Дека љубовта кон Македонија е голема, покажаа учениците од второ, трето и четврто одделение од ова новосадско училиште кои решија да следат настава по предметот Македонски јазик со елементи на националнаа култура како еден од понудените изборини предмети. Освен унгарски и ромски јазик, учениците првпат одбраа можност да научат и македонски јазик, да ги запознаат националните обележја на Република Македонија, нејзината историја, култура, обичаи, природните убавини и убавината на нејзините луѓе.

А од каде потекнува таа голема љубов кон Македонија?
Наставничката Снежана Алексиќ Станојловиќ, која ја носи Македонија во воето срце, таа љубов им ја пренесе на учениците во училиштето во кое работи. Таа веќе со години организира едукативно-креативни работилници за деца, гостувања и афирмација на македонските писатели и уметници, остварува пријателска соработка со ОУ „Кирил и Методиј“ во скопското село Кучевиште во кое се реализира настава на македонски и српски јазик, ги анимира учениците да се допишуваат и разменуваат подароци со учениците од Македонија, реализира часови по српски јазик во Македонија и по македонски јазик во Србија, воспоставува стручна соработка и размена на искуства на „добра пракса“ со наставничките од Македонија... Се обидува својата љубов да ја шири и натаму.

Со одобрение на директорката Љубива Грубач и одбрениет на Министерството за образование на Република Србија, тежнението на оваа наставничка и нејзината лична мисија, од оваа училишна година добиваат и официјална форма. Така прв пат во Нови Сад, во едно училиште, постои група на ученици кои официјално посетуваат часови по Македонски јазик. Групата ја сочинуваат 18 ученици на возраст од 8 до 10 години, меѓу кои само неколку имаат македонско потекло. Останатите покажуваат љубов и интерес, зошто се научени дека љубовта збогатува. Наставата ќе се реализира еднаш неделно како блок-часови.


На 17. јануари се одржани првите два часа, на голема радост на ученциите и наставничката, со националните симболи на Македонија и звуците на македонские песни, порачаа: „Македонија се носи во срцето!“.

Ново на Сител
-

ЈО: Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на родители на судија
-

Натпреварот на Македонија против Португалија заврши нерешено
-

Кривична за двајца кичевчани, пробале да убијат 39-годишен сограѓанин
-

Одземен сеф со пари откако насилно било влезено во финансиско друштво во Центар
-

Мицкоски: Граѓаните го почитуваат „Безбеден град“, помалку сообраќајќи и побезбеден сообраќај
-

Андоновски: Реална дигитализација - граѓаните ќе ги добијат услугите брзо, едноставно и електронски
-

Санчез: Евентуална американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата“
-

Тракторист починал на лице место откако паднал во речно корито
