-->
-->
Македонија во четвртиот „шешир“ пред извлекувањето на групите за ЕП У-21
-->
Македонската репрезентација до 21 година утре на извлекување во Нион, Швајцарија ќе ги дознае противниците за новиот квалификациски циклус за пласман на Европското фудбалско првенство 2019 година во Италија.
Во пресрет на ждрепката во седиштето на УЕФА, селекторот на Македонија, Благоја Милевскивели дека целта и желбите за новиот циклус квалификации останува ист, а тоа е да бидеме конкурентни во групата и одново да се обидеме да го подобриме рејтингот.
- Немам посебни желби во однос на можните противници. Ова извлекување го чекаме од четвртиот барабан, со пласман на УЕФА рејтинг листата подобрен за единаесет места во однос на претходното извлекување и со обезбедено место на Европското првенство. Квалификациите за ЕП 2019 година ќе ги започнеме со нова генерација на фудбалери, но целта и желбите остануваат исти - да бидеме конкурентни во групата и да го подобриме рејтингот. Можеби специфично е тоа што во иста година паралелно треба да се подготвуваме со две генерации, со играчите кои ни донесоа пласман на ЕУРО 2017 и со фудбалерите 1996/97 кои треба да го носат товарот во иднина. Но, ние би биле најсреќни кога условно тој „проблем“ би го имале на секои две години. изјави Милевски.
Пред извлекување за ЕП 2019 составот на „барабаните“ е:
Барабан А: Германија, Поругалија, Шпанија, Данска, Франција, Шведска, Чешка, Србија;
Барабан Б: Словачка, Израел, Холандија, Австрија, Хрватска, Белгија, Полска, Швајцарија, Словенија;
Барабан Ц: Украина, Норвешка, Русија, Турција, Романија, Исланд, Грција, Црна Гора, Финска;
Барабан Д: Велс, Бугарија, Македонија, Грузија, Унгарија, Република Ирска, Шкотска, Молдавија, Албанија;
Барабан Е: Литванија, Азербејџан, Ерменија, Босна и Херцеговина, Белорусија, Казахстан, Кипар, Летонија, Албанија;
Барабан Ф: Малта, Луксембург, Северна Ирска, Фарски Острови, Сан Марино, Андора, Лихтенштајн, Гибралтар, Косово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право