Loading Video...
Фудбал
11. November 2020 - 19:53

Македонија влегува ослабена во дуелот со Грузија

Македонија и Грузија досега одиграа две средби во Лигата на нациите.  И двете завршија без победник со идентичен резултат 1-1.  Двете селекции се пред голем предизвик и затоа од минута во минута притисокот расте.  Особено што дел од стандардните фудбалери нема да бидат во составот. 
Македонската фудбалска репрезентација со елиминацијата на Косово  се пласира во финалето од Лигата на нациите каде утревечер во Тбилиси ќе ги одмери силите со домашната селекција на Грузија. 
Состојбите во двата тима од минута во минута се менуваат.  Најголемите пробеми ги предизвикува пандемијата со коронавирус но и повредите.  Утринава беше јасно дека селекторот Игор Ангеловски нема да може да смета на Барди, Кире Ристевски и Крсте Велковски.  Но и покрај тоа Македонија има квалитет да го надополни нивното отсуство. Вкупно 21 фудбалер предводени од капитенот Горан Пандев ќе се обидат да напишаат историја. 
Истиот сон го сонуваат и Грузијаците од чии редови потврдија дека Хвича Кварацхелија е позитивен на коронавирусот. Покрај него, позитивен тест има и Леван Шенгелија, фудбалерот на турски Коњаспор.
Селекторот на Грузија  Вајс призна дека два пати бил изненаден од формацијата и тактиката на македонскиот национален тим но дека сега е подготвен да го мотивира својот тим да го даде најдоброто. Кај нас пак  останува отворено прашањето дали утре ќе заигра стандардниот Адеми.  Кој сепак отпатува за Тбилиси и последниот збор ќе го даде селекторот Ангеловски по проспиената ноќ.  
Средбата се игра во 18ч а судиите се од Англија.