-->
-->
Македонија со пресврт до триумф над Словачка
-->
Футсал репрезентацијата на Македонија ја постигна првата победа во квалификационата група за Светското првенство во футсал што се одржува во Бари Италија. Во дуелот од 2.коло Македонија ја победи Словачка со 2:1.
Првиот дел заврши без голови, а потоа Словачка поведе со голот на Рафај.
Нашата репрезентација за помалку од една минута со головите на Мицевски и на Леовски успеа да направи пресврт и да ја забележи победата.
На вториот дуел од групата Италија ја победи Молдавија со 3:1.
За пласман на второто место во групата кое носи пласман во баражот потребно е Македонија во последното коло да ја победи Молдавија.
Утре е слободен ден.
Табела: Италија 6 бодови, Словачка 3, Македонија 3, Молдавија 0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ поднесува повеќе законски измени
-
Перински: Општините веќе имаат поднесено дваестина апликации за финансирање на инфраструктурни проекти
-
Во Штип ќе се градат три паркови со европски пари
-
Преглед на вестите од светот
-
Иницијативата „Кој е следен“ бара реформи во правосудството
-
Тема на денот со Зоран Димитровски, заменик министер за надворешни работи
-
Фатени 188,6 килограми марихуана на ,,Богородица"- Требала да заврши во Турција
-
Владата денеска нема да ги замрзне маржите