Спорт плус
31. August 2023 - 8:17

Македонија со победа го почна Европското првенство, со 3:1 совладана Данска

Во првиот натпревар од групата „Ц“ на Европското првенство во СЦ „Борис Трајковски“ најдобрата македонска машка одбојкарска репрезентација ја совлада Данска со 3:1 во сетови 22:25, 25:22, 25:18, 25:22. 

Голема и важна победа на Македонија која го прави првиот чекор кон европско осминафинале.

Следниот натпревар е против екипата на Црна Гора на 02.09 во 20 часот.