Вулин: Не треба да влеземе во ЕУ ако цената е признавањето на Косово

Потпретседателот на српската Влада, Александар Вулин изјави дека Белград е на пат кон интеграција во Европска Унија, но дека Србија не одлучува за брзина на тој пат, јави дописникот на МИА од Белград.
– Ако на тој пат бидеме соочени со признавање на така нареченото Косово или обврската да овозможиме истополови бракови или учество во конфликтот со Русија и Кина, не треба ни да одиме по тој пат, изјави Вулин во интервју за „Вечерње новости“.
Тој нагласи дека „додека не ни го кажат тоа, наше останува да се држиме до нашата воена неутралност, реформите што ни одговараат и да се обидеме да ја зајакнеме Србија во времето што доаѓа“.
На прашањето дали Србија со купувањето на француските авиони „Рафал“ го направила најголемото свртување кон Запад досега, Вулин рече дека тоа е прагматична, а не политичка одлука и дека Србија ќе го брани своето небо со „рафали“ и „мигови“Тој изјави дека рускиот претседател Владимир Путин, за време на нивната неодамнешна средба во Русија, не ги спомнал „рафалите“, „но дека ја спомнал трговската размена, гасниот аранжман и руската поддршка за секоја српска борба“.
Ново на Сител
-

Војната во Иран може да предизвика прехранбена криза и нови бегалски бранови
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив без дозвола возел возило кое претходно го украл
-

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
