-->
-->
Македонија со петмина борачи на СП во Лас Вегас
-->

Во пресрет на двете големи натпреварувања, СП за сениори кое од 7 до 13 септември ќе се одржи во Лас Вегас и кадетското Европско првенство од 4 до 9 август кадети во Субоица, денеска прес конференција одржаа Боречката федарација на Македонија.
На Мундијалот во САД, македонската делегација ќе настапат со петмина борачи: Јасим Реџелари до 61 кгр., Дејан Митров 66, Халил Зубаиров 86 и во тешка категорија Бобан Данов и грчко-римски сто Тимур Хамикоев.
На кадетското ЕП, засега единствен сигурен патник е Елмиден Сефулаху носител на две бронзи од претходите шампионати, а за останатите кандидати, се ќе зависи се од одбезбедување на финансиските средства.
Што се однесува до суспензијата на селекторот во грчко-римски стил Љубичша Пешко, претседателот на Боречката федерација на Македонија, Чедомир Николовски, образложи „Суспензијата уследи откако од организаторот на Европските игри во Баку, Македонскиот олимписки комитет (МОК) бил известен дека Љубичша Пешко бил акредитиран во два наврати, како македонски и српски селектор. Откако на Пешко му беше предочено дека тоа е најстрого казниво и забрането, тој самиот се изјасни дека ќе ја задржи српската акредитација, иако МОК беше оној кој ги сносеше комплетните трошоци за неговиот престој во Баку’’.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Бројот на жртви од поплавите во Непал и Кина надмина 1.000
-

Учениците се враќаат на настава, почнува учебната 2026-2027 година
-

Од денеска од Зелениково до Нова железничка станица во Скопје со Градски воз
-

Европа негодува поради враќање на Русија во Г20
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Трамп размислува за ограничени напади врз Иран
-

Полицијата во Њујорк застрела жена која претходно со ножеви нападнала две лица на „Тајмс сквер“
-

Русинот осомничен за тројно убиство во Црна Гора по кратка престрелка со полицијата се самоуби
