Македонија следната година ќе учествува на Евровизија

Македонија следната година ќе учествува на изборот за песна на „Евровизија“, потврди директорот на МРТ, Зоран Ристоски.
На Јавната седница на програмскиот совет на МРТ, на која присуствуваат претставници на еснафски здруженија, медиумски организации и релевантни институции, Ристоски сподели дека имал средби со претставници од Европскиот радиодифузен сојуз (ЕБУ) и дека со сигурност може да каже дека Македонија ќе испрати претставник на европскиот музички фестивал во 2027 година.
Тој посочи дека МРТ има поддршка од ЕБУ во промоција на културните вредности на Македонија и очекува МРТ да добие поповолен пакет за враќање на Евросонг.
Македонија последен пат настапи на „Евровизија“ во 2022 година, кога претставник беше Андреа Коевска со песната „Circles“, која беше избрана преку националниот избор за „Евросонг“.
Највисокиот пласман за Македонија го освои Тамара Тодевска со „Proud“ во 2017 година, кога се пласираше на седмото место.
Ново на Сител
-

Државата ќе гради Национален дата-центар
-

Пет лица под лупа на ДКСК поради истовремено извршување повеќе функции
-

Се е подготвено за вечерашниот старт на Пиво фест, ќе трае до недела, се очекуваат гости од цела Македонија
-

Поплавени објекти и оштетени возила по големото невреме кое синоќа ја погоди Битола
-

Тема на денот со Драган Тилев, поранешен државен советник за европски прашања
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Забрана за користење на водата во Гостивар
