-->
-->
Македонија повторно во финалето на Европската одбојкарска лига
-->
Машката одбојкарска репрезентација на Македонија повторно се пласира во финалето на Европската лига.
Македонските одбојкари ја победија Австрија со 3-2 во сетови во полуфиналето на завршниот „Фајнал-фор“ турнир во Европската лига што се игра во бугарскиот град Варна.
Избраниците на селекторот Жарко Ристовски по голема борба го добија првиот сет со 25:23, но Австријците возвратија во иста мерка во вториот сет (23:25: Во третиот лошата игра пред се во нападот резултираше со само седумнаесет одвоени поени (17:25), по што Австрија поведе со 2-1 во сетови. Сепак црвено-жолтите не се предадоа, па по четвртиот сет кој го добија со 25:19 се вратија во игра.
Во решавачкиот пети сет, нашите одбојкари ја искористија третата меч топка, па откако го добија сетот со 15:13 и мечот со 3-2 во сетови можеа да го прославуваат своето второ во низа учество во финалето на ова натпреварување.
А во финалето кое на програмата е во недела од 17 часот, Македонија за противник ќе ја има подобрата селекција од вториот полуфинален меч кој се игра попладнево, а во кој домаќинот Бугарија се среќава со Естонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам