Македонија под нулата, најстудено во Берово -14 степени

Температури под нулата се регистрирани секаде во Македонија утрово. Најстудено било во Берово -14 Берово, -12 Битола, Лазарополе и Струмица, -11 Прилеп и Маврово, -10 Крушево, минус осум Крива Паланка, минус седум Демир Капија, минус шест Претор, минус пет Охрид, минус четири Тетово, Скопје Петрпвец и Куманово,
Врнежи имало во Пожаране, Маврово, Скопје Зајчев Рид, Ѓуриште, Прилеп, Тетово и Лазарополе, а снежната покривка највисока е во Маврово 65 сантиметри, 30 Крушево, 27 Битола, 24 Тополчани, 12 Ѓуриште, 11 Пожаране и Лазарополе, 10 Демир Капија и Берово, седум Прилеп и Струмица, три Претор, два Штип, Крива Паланка и Тетово, до еден сантиметар во Куманово.
Утрово времето е умерено до значително облачно и многу студено. Локално во северните делови во Лазарополе, Тетово и Маврово провејува снег.
Во текот на денот ќе биде студено, наутро и претпладне со услови за слаб снег претежно во западните планински делови. Ќе дува умерен до краткотрајно засилен северозападен ветер. На југоистокот ќе е претежно сончево. Максималната температура ќе се движи во интервал од минус шест до два степена.
Во Скопје, претпладне со услови за појава на слаб снег и од претпладне со умерен до засилен северозападен ветер. Попладне со сончеви периоди. Температурата ќе дотигене до два степена.
И во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со максимални дневни температури под или околу нулата. Утринските температури ќе бидат многу ниски и до -18 степени во Пелагонија и Малешевијата, а најстудено ќе биде утре наутро кога речиси во целата земја температурата ќе се спушти под -10, а на повеќе места и под –15 степени. Нови пообилни врнежи од снег ќе има во среда од запад, иако на истокот наутро се уште ќе е многу студено.
Ново на Сител
-

Несовесни студенти го поплавиле реновираниот студентски дом „Стив Наумов“
-

Обвинителството побара доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

21-годишен скoпјaнeц привeден oткако со мотoцикл удрил во пoлициски службeник
-

Груби на 13 октомври излегува од куќен притвор, нуди гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителната мерка на претпазливост
-

Мицкоски: Починати и иселени лица примале државна помош – откриени над 4.500 фиктивни корисници
-

77-гoдишен пeшaк починал откако бил удрен со патничко возило - возачот го напуштил местото
-

Камион со железни профили криел 79 килограми марихуана – разбиена меѓународна криминална група на Дојран
-

Радев: Два брода погодени со дронови во Црното Море, еден потона – екипажот исчезнат
