Македонија од утре во жолта фаза, граѓаните мора да ги почитуваат овие препораки за заштита

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на следните два дена целата држава ќе биде зафатена со температури од жолта(алертна) фаза.
Комисијата за следење на состојбата и ефектите од високите температури, во рамки на Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се:
- Заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот
- Носење светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа (светлите бои ја рефлектираат светлината)
- Консумирање лесна храна и течности, посебно да се внимава при подготовка и консумирање на храната, како и избегнување термички необработени производи, на пример мајонези од домашни јајца и внимателно да се консумира сладолед и разни кремови.
- Потребно е внесување поголемо количество течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.
- При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.
- Во текот на ваквите екстремно топли денови, останете во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.
- На хронично болните лица им се препорачува редовно земање на пропишаната терапија.
Ново на Сител
-

Гласаат болните и затворениците, пред утрешните повторени избори за градоначалник во четири општини
-

Претпладне повремени врнежи од дожд, попладне од снег
-

ДЗС: Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од 70 mm од Првата светска војна
-

Сообраќајот низ државните патишта се одвива во зимски услови, сите патни правци се проодни
-

Сакам да кажам со Горан Михајловски | Неформално | Sitel Podcast 134
-

Двајца мажи пронајдени мртви во викендица
-

Трамп: Го откажав вториот бран напади врз Венецуела
-

Почина жената што беше прегазена утрово кај ТЦ Беверли Хилс
