Македонија не е ниту во првите 100 држави во кои англискиот јазик добро се зборува

Објавените резултати и рејтингот на држави според владеењето со англискиот јазик меѓу населението покажуваат дека меѓу стоте земји во кои англискиот јазик се зборува многу добро или добро, а тој не е мајчин јазик во државата, од нашиот регион најдобро стојат Хрватска и Србија.
Mакедонија не е ниту во првите 100 држави каде англискиот јазик добро се зборува.
Годишните податоци од индексот на владеење на англискиот јазик (ЕПИ) можат да послужат како груб увид во комуникациските вештини на англиски јазик кај населението ширум светот, но и подготвеноста на државите за комуникација во бизнисот, инвестициите, вработувањата и туризмот бидејќи, сепак, англискиот јазик е глобален јазик за комуникација.
Ако се најдете во Оман, Мексико или Тајланд, ќе биде многу потешко да комуницирате на англиски јазик отколку на пример, некаде во Европа.
Во извештајот на ЕПИ се наведува дека милиони луѓе зборуваат англиски како прв или втор јазик, а стотици илјади зборуваат англиски како трет или четврти јазик. Исто така, се наведува дека земјите со високо познавање на англискиот јазик се поотворени и подготвени да се вклучат во надворешниот свет, и тоа во секоја смисла.
Меѓу стоте земји од светот, најподготвени од нашиот регион чиј мајчин јазик не е англиски, се Хрватска на 13-то место, Унгарија на 14-то место и Србија на високото 15-то место. Тие најдобро, од овој регион, држат чекор со светот и можат добо да комуницират во бизнискот, турисмот, вработувањето или инвестициите
Вака изгледаат првите 15 земји:
1. Холандија
2. Данска
3. Финска
4. Шведска
5. Норвешка
6. Австрија
7. Португалија
8. Германија
9. Белгија
10. Сингапур
11. Луксембург
12. Јужна Африка
13. Хрватска
14. Унгарија
15. Србија
Владеењето на англискиот јазик во регионот, кај останатите, изгледа вака: Бугарија е на 20. место, Грција е 21, Италија е рангирана како 30, а во првите 50 е и Албанија на 43 место. Турција е рангирана како 69.
Ново на Сител
-

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
