-->
-->
Македонија на туристичка берза во Берлин, најбарана дестинација Охрид
-->

Македонскиите туристички капацитети и услуги и годинава се дел од најголемата светска туристичка манифестација ИТБ Берлин која што важи за место на кое што се договараат голем дел од зделките за најголемите светски туристички дестинации.
Презентацијата на македонскиот туризам се одвива на штандот организиран од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот во халата број 1 на Берлинскиот саем, но и на настаните организирани од водечки светски лидери во оваа гранка. Македонската делегација покрај промоција, контакти со туроператори и иницијални директни договори за аранжмани се обидува да се позиционира и во дебатата за стратегии и трендови во регионалниот и глобалниот туризам како една од најбрзо растечките индустрии.
Директорката на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Лела Крстевска вели дека заедно со петте македонски туристички агенции на Берлинската туристичка берза и покрај објективните пречки во Берлин успеале да создадат услови за продолжување на трендот на зголемување на бројот странски туристи во Македонија.
- Се нуди езерскиот туризам, се нуди активен туризам - планинските тури, религиозен туризам и се она што имаме да го понудиме како туристички производ. Интересот за нашите производи е голем, остваривме голем број средби со туроператори, не само од Германија туку и со други туроператори кои се заинтересирани за Македонија, а ја искористија можноста на берлинската берза да остварат контакти со нашите претставници, вели Лела Крстевска директорка на Агенција за промоциоја и подршка на туризмот
За македонската туристичка понуда покрај заинтересирани туропоратори од Германија и светот на последните два дена од настанот интерес покажаа и стотици граѓани пред се Германци кои што немаат доволно информации за туристичката понуда во Македонија. Најмногу од нив се интересираат за Охрид, но и за состојбата во Македонија.
Присутните турстички агенции кои годинава се учесници на берлинското туристичко шоу имаат можност директно со своите колеги и заинтересирани туристи да зборуваат за Македонија, но дел од нив зборуваат и за проблеми со кои се соочуваат сите земји на бегалската рута од Турција преку Грција, Македонија и Србија.
- Во моментов германските туроператори најмногу ги привлекува Охрид во летната сезона, а она што најмногу ги одбива, тоа е минлива работа, се настаните што се случуваат на границата меѓу Македонија и Грција, вели Сузана Зелениковска од агенцијата „Фибула Ер Травел“.
Дел од туристичките работници не знаат зошто дел од германските медиуми создаваат негалтивна слика за Македонија што влијае на посетата на германските туристи.
- Имаме пад на интересот за Македонија, не од аспект на тоа што можеме да понудиме, туку од безбедносен аспект. Не знаеме од каде се пласираат такви информации, но факт е дека не прашуваат дали е навистина толку лошо на границата со соседна Грција и веќе имаме откажувања. Кај нас конкретно четири договорени тури се откажани, вели Мано Ставревски од туроператорот „Визит Македонија“ .
На најголемото светско туристичко шоу во Берлин годинава на 50 годишниот јубилеј учествуваат над 10 илјади излагачи, туристички работници и компании од 187 држави и територии од 5 континенти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 Македонија ја зацврстува политичката и економска стабилност во регионот
-

61 возач фатен под дејство на алкохол, 14 возеле со над 1,50 промили
-

Вештак на судењето за „Пулс“: Дискотеката имала три влезови и излези, но не за евакуација
-

Ѓорѓиевски: Нов лик, подобри услови и поголема грижа - ЗОО Скопје се менува
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
