Македонија на 40-то место во светот според грижата за децата

Македонија е рангирана на 40-тото место во светот според грижата за децата, покажуваат податоците од Извештајот на Светската здравствена организација (СЗО), медицинското списание „Ланцет“ и Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ).
Документот насловен „Иднината за децата во светот“, почнува со поразително тврдење дека ниту една држава не го заштитува адекватно здравјето на децата, нивното опкружување и нивната иднина.
– Здравјето и иднината на секое дете и млад човек во светски рамки е под закана од влошување на екологијата, климатските промени и експлоатациски маркетиншки практики, кои ги поттикнуваат на конзумација на брза храна, засладени напитоци, алкохол и цигари, се наведува во Извештајот.
Земјите се рангирани според индекс, утврден врз основа на показателите за здравјето и богатството во 180 држави, како и идните закани за благосостојбата на децата, дополнети со податоците за емисиите на штетни гасови.
Како земја која најногу се грижи за децата е посочена Норвешка, а по неа следуваат Јужна Кореа, Холандија, Франција, Ирска, Данска, Јапонија, Белгија, Исланд, Велика Британија, Луксембург и Сингапур. Според извештајот, последнорангирана е Централноафриканската Република.
Од земјите во регионот Словенија е рангиранана 25-то место, Грција на 31-во, Црна Гора на 34-то, Босна и Херцеговина на 38-мо, Бугарија на 45-то, Србија на 48-мо, Турција на 60-то и Романија на 80-то место.
Еспертите што го изработиле Извештајот велат дека најсиромашните држави треба да поминат долг пат, за да обезбедат услови за здрав живот на децата. Од друга страна, богатите земји, ја загрозуваат иднината на сите деца со загадување на природата преку испуштање емисии на штетни гасови, како јаглерод, што доведува до промена на климата и еколошка катастрофа.
Во извештајот се потенцира дека ниту една држава не постигнала добри резултати по параметрите за развој, одржливост и правда за децата.
Ново на Сител
-

Инспекциските служби на Општината и МВР излегле на терен во градилиштето во Центар - локацијата обезбедена, инвеститорот казнет
-

Генералниот директор на СЗО изјави дека брзото ширење на епидемијата на ебола во ДР Конго и Уганда ги надминува напорите за одговор
-

Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе
-

Руското МНР ги предупреди странците да го напуштат Киев и најави серија напади врз конкретни објекти во градот
-

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија
-

Средба на српскиот премиер со претставници на македонското национално малцинство: Северна Македонија е братска земја
-

Ревизори од Македонија и пет други држави покренуваат заеднички контроли врз трошењето на јавните средства
-

Нетанјаху признал дека тешко влијае врз Трамп во врска со Иран
