Македонија ќе уништи 13 000 дози вакцини донација од Бугарија бидејќи им помина рокот
Македонските здравствени власти ќе уништат дел од вакцините Фајзер кои пристигнаа како донација од Бугарија, поради тоа што им е истечен рокот на употреба, јавува СДК.
Рокот на вакцините бил до 30 септември, а од вкупно 51.480 дози вакцини искористени биле 38.480 дози.
Вакцините ќе бидат уништени како медицински отпад.
Бугарското Собрание на 8 септември ја одобри донацијата од над 50.000 вакцини за Македонија. Министерот за здравство на Бугарија, Стојчо Кацаров тогаш појасни дека донацијата требало да се изврши во јуни, но поради проблеми со процедурите тогаш тоа не било извршено.
-Информираме дека согласно точните проекции за потребите за ревакцина со вакцината на „Фајзер“, како и големиот интерес за прва доза од овој производител, сите дози ќе бидат аплицирани далеку пред истекување на рокот на важност. Вакцините од производителот „Фајзер“ кои треба да пристигнат како донација од Република Бугарија ќе бидат аплицирани за 5 до 7 дена од нивната дистрибуција на пунктовите, информираа неодамна од Министерството за здравство.
Ново на Сител
-
Се очекува во Појасот Газа да влезат два камиона со вкупно 107 тони дизел
-
Израел останува закана за Иран, вели командантот на иранските вооружени сили Хатами
-
Словенечкиот тим од 61 пожарникар заминува од земјава, утре чешкиот „Блек Хок“
-
Тешко повреден мотоциклист во кавадаречко
-
Претреси во Кавадарци и Неготино, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
-
Нападнати полицајци и затекнати малолетници со алкохол при контрола на Градскиот базен во Виница
-
Активен пожарот кај селото Стровија во општина Долнени
-
За пет години кириите во Европа пораснаа за 12,5 отсто