Бизнис
17. јуни 2018 - 16:37

Македонија ќе се најде на удар од трговската војна на САД со Кина и ЕУ

Трговската војна меѓу големите сили САД, ЕУ и Кина ќе  удри  врз  економскиот раст на земјава. Контра мерките кој ги најавија  Европската Унија за ограничување на извозот на старо железо и увозот на челик како одговор на санкциите на САД се серизна закана за преработувачката индустрија- една од главните двигатели на економијата во земјава. Најмногу ќе биде погоден челикот. Речиси целото производство од овој производ е наменето за пазарите во Унијата. Нема да биде поштедена ниту автомобилската индустрија ниту. Најголем дел од извозот отпаѓа токму на овие компании кои се сместени во зоните.

- Ова е серозна закана за нашата индустирја. Нема да има работа ќе бидеме принудени да го затвораме капацитетите тоа ќе значи или помалку вработени или помалки плати. Или ќе бидеме принудени да ги праќаме вработените на принуден одмор, рече Митко Кочовски- претседател на металурши  сектор при Стопанска комора на Македонија

Алтернативни пазари нема, стопанствотот се надева дека Европа ќе  пресмета дека  македонските производи не се закана за нив.

Од министертвотот за економија велат дека ја следат ситуацијата.

- Засега не е најавено  дека трговската војна ќе влијае врз трети земји. Но најважно од се е што ние ја следиме ситуцијата и сме во контонуирана комуникација со Европската Унија се со цел можните санкции да нема за Македонија и тоа да влијае врз конкуретноста на нашите производи, вели министерот за економија Бектеши.

Преработувчаката инудстрија учествива со 12 проценти во вкупниот БДП.

Америка влезе во трговска војна , отако Трамп  соопшти дека воведува повоска царини  за кинеските технолошки производи ,  за челикот , алуминиумот и увозот на возила од ЕУ. На тоа Кина експресно возврати со реципрочна вредност на  царина на стоки од Америка, а конктра мерки најави  и Унијата.