Македонија ќе остане целосно зависна од руски гас до 2024 година
Во следните две години, земјава нема друга алтерантива освен рускиот гас. Но, по 2024 година кога се очекува да биде готов и интерконекторот кон Грција и централата Александрополис , Македонија ќе има повеќе извори за добивање на овој енергенс. Првиот човек на НЕР, Реџепи вели дека се прават сите напори домашните трговци , да не бидат зависни од само едно место, туку да имаат можност за избор.
Проценките се дека до крајот на годинава ќе почне изградбата и на интерконекторот за природен гас од Македонија кон Грција, но и на централата Александрополис.
Преку овој интерконектор треба да се обезбеди сигурно снабдување со гас од Азербејџан, но и со течен гас од САД и други држави.
Минатата година во земјава биле потрошени 430 милиони кубни метир гас, 90 отсто од овие количини биле употребени во Скопје.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар