Loading Video...
Фудбал
29. March 2021 - 20:00

Македонија извонредно ефикасна, на две средби 7 погодоци

Македонската фудбалска репрезентација бргу го заборави поразот во Романија и со убедлива победа од 5-0 против аутсајдерот  Лихтенштајн ја оствари  првата квалификациска победа за СП во Катар.
Селекторот  Ангеловски  средбата ја започна со  офанзивна формација  на која и требаше време да се прилагоди на борбениот противник. Но и во таква ситуација  блесна еден од адутите на македонската репрезентација, Енис Барди кој од слободен удар го изненади гостинскиот голман. 
Ако гостите во првиот дел успеаја да ги одбијат нападите на Пандев и дружината во второто веќе немаа сили да парираат и Македонија го искористи  квалитетот но и подобрата физичка подготвеност и лесно ја полнеше мрежата на противникот.  Повторно прецизно стрелаше Трајковски во два наврати, а гол постигна и Елиф Елмас  што значеше убедливо водство од  4-0 а победата со 5-тиот погодок  ја запечати Илија Несторовски од пенал. 
За жал  Несторовски поради  лошата реакција пред камерите доби укор од селекторот Ангеловски и нема да патува на средбата во Германија која нашата репрезентација ја игра во среда. 
По две одиграни средби со Романија и Лихтенштајн , Македонија ја оствари првата квалификациска победа и со три освоени бодови патува на мегдан на првиот фаворит во групата, селекцијата на Германија.  Нашите репрезентативци  очекуваат уште еден добар натпревар, да се игра борбено и ефикасно. Против Романија и Лихтенштајн постигнавме вкупно 7 погодоци, не реализиравме уште многу  изгледни прилики и што е најважно покажавме дека знаеме да го нападнеме противникот во сите делови од теренот. Токму затоа оваа генерација фудбалери има убав тест во Германија кој може да значи многу пред силните дуели на Европското првенство каде Македонија ја има улогата на дебитант. 
Германија  во Букурешт славеше против домашната романија со 1-0 со погодокот на Гнабри уште од 17-тата минута а  изненади Ерманија ккоја го совлада Исланд со  2-0.