Македонија има светски шампион во карате – Марко Џорлев со пет победи стигна до златниот медал!

Голем успех за македонското карате! Младиот Марко Џорлев стана светски кадетски шампион во категоријата до 63 килограми, откако со пет убедливи победи го освои златниот медал.
Џорлев во финалето го совлада Адам Баги од Унгарија со резултат 4:1 и се искачи на светскиот трон.
Македонскиот каратист имаше импресивен настап во текот на целото натпреварување. На патот до златото најпрво го победи Алехандро Перез од Куба со 10:6, потоа Хозе Андрес Гарсија од Гвајана со 6:1, а во следната борба беше подобар од Леонс Акоповс од Латвија со убедливи 6:0.
Во полуфиналето Џорлев доминираше против Јан Мата од Панама, славејќи со 8:0, по што во финалната борба го потврди својот квалитет и ја освои светската титула.
Со пет победи и вкупен резултат од 34:8 во поени, Џорлев го заокружи настапот со златен медал, потврдувајќи го својот статус на еден од најдобрите млади каратисти во светот.
Светското првенство за кадети, јуниори и натпреварувачи до 21 година се одржува од 14 до 18 октомври во Бјелско-Бјала, Полска, со учество на повеќе од 2.000 каратисти од 114 земји.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Од историското наследство до денешните предизвици одбележан 23 Октомври
-

Доделена државната награда „23 Октомври“
-

Цените на енергенсите растат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања
-

Вакцинацијата со БСЖ за новороденчиња против туберкулоза ќе продолжи за 10-тина дена
-

До 2028 треба да се реконструира сала „Македонија“ во Прилеп, за Универзална сала ќе се прави елаборат за статиката
-

Од идеја до незавосност - Охрид го одбележува 23 Октомври
-

„Македонска ослободителна мисла 1893-1991“- непрекината 100 годишна идеја за создавање држава
