Македонија и Унгарија потпишаа акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници

Министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и унгарскиот министер за надворешна политика и трговија Петер Сијарто попладнево во Будимпешта потпишаа акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници на меѓусебно договорени теми за интеграција во ЕУ, процесите на администрацијата на Министерството за надворешни работи и надворешната трговска политика.
Со средбата Муцунски - Сијарто почнуваат активностите во рамки на унгарско-македонскиот владин самит што денеска и утре ќе се одржи во Унгарија. Во македонската владина делегација која ја предводи премиерот Христијан Мицкоски се 10 министри и двајца заменици министри.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски искажа благодарност за поддршката што Унгарија ни ја дава на патот кон ЕУ, но и за нашето партнерство во НАТО, јави известувачот на МИА од Будимпешта.
Сијарто, пак, рече дека потпишувањето на документот е убав вовед за меѓувладината седница, најавувајќи интензивирање на соработката.
Унгарскиот министер на прес-конференцијата заборуваше и за случувањата поврзани со војната во Украина, посочувајќи дека благодарение на промените на другата страна на Атлантикот се можни промени.
- Македонците и Унгарците сме заинтересирани истовремено за враќање на мирот. Тоа се покажа минатата недела во ОН, рече Сијарто.
Шефот на македонската дипломатија во однос на Украина рече дека државата се залага за безусловно и што е можно поскоро постигнување мир и безбедност во светот, посетувајќи дека заедно со Унгарија минатата недела бевме коспонзори на Резолуција за мир во Украина.
Согласно агендата, предвидени се тет-а-тет средба меѓу двајцата премиери, како и билатерални средби меѓу ресорните министри на двете влади, по што утре ќе следи и заедничката седница на двете влади.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
-

СДСМ ќе предложи 3 мерки за подобрување на состојбата на лозарите
-

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја
