Македонија и натаму локален рекордер по смртноста на корона вирусот
Македонија останува на врвот во регионот според смртноста која ја предизвикува корона вирусот. Во текот на вчерашниот ден во земјава се бележат два смртни случаи на милион жители што е највисока стапка во опкружувањето.
Зад земјава е Хрватска со една жртва на милион жители а иста стапка вчера имала и Словенија.
Сите останати земји од регионот вчера имале по само еден починат случај.
А како што завршува летото се намалува бројот на граѓани кои самоиницијативно прават тестови во приватните клиники а тоа повторно го врати над 10 проценти бројот на позитивни случаи од спроведените тестови. Па така вчера 12% од тестираните биле позитивни. Очекувано, најголемиот дел од нив, 75 се во Скопје. Следи Куманово со 14 случаи, еден помалку во Тетово, 12 во Кочани и 10 во Струмица.
Само во Скопје вчера во Болница се примени 14 пациенти. Вкупно во скопските болници има 124 пациенти од кои 5 се деца а само еден пациент е на респиратор.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 18138, бројката на оздравени пациенти е 15068, на починати е 743, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2327.
Дополнително во болниците низ Македонија има уште 238 пациенти.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-
Паднаа перките на познатата ветерница над клубот „Мулен руж" во Париз
-
Атлетико сака да ја продолжи соработката со Витсел
-
Шведските клубови се изјаснија против ВАР технологија
-
Олимпискиот оган попладневно во Атина ќе им биде предаден на организаторите на ЛОИ „Париз 2024“
-
ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале
-
Запленети фалсификувани производи во Нови Сад и Белград, меѓу кои има бисквити, детергенти и шампони
-
Токсикологија: Поплавени лекарски канцеларии, болнички соби, сметководство, амбуланта на ОРЛ...
-
ЕК го прогласи веб сајтот за е-трговија „Шејн“ за „многу голема онлајн платформа“