Македонија и Бугарија потпишаа Договор за соработка во туризмот
Македонија и Бугарија денеска во Струмица потпишаа Договор за соработка во туризмот. Документот, што го парафираа бугарскиот министер за туризам Николина Ангелкова и македонскиот заменик-минситер за економија Кире Наумов, меѓу другото, предвидува интензивна соработка во туризмот, зголемување на меѓусебните туристички посети и заедничко учество на туристички саеми.
Скопје и Софија ќе соработуваат и во заедничко објавување туристички промотивни материјали, во организација и учество на конференции, семинари и други туристички настани, како и во заеднички настап на трети пазари.
Според статистичките податоци, во периодот јануари-септември годинава Бугарија ја посетиле повеќе од 413.000 македонски граѓани што е за 5,8 отсто повеќе од тој период лани. Во првите девет месеци од годинава над 319.000 Бугарија ја посетиле Македонија што е зголемување за 10,7 проценти во однос на лани.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници