Македонија и Бугарија ќе ја интензивираат соработката во енергетиката
Македонија и Бугарија ќе ја интензивираат соработката во енергетиката, беше истакнато на денешната средба на премиерот Зоран Заев со министерка за енергетика на Република Бугарија Теменушка Петкова и со претставници на Бугарската асоцијација за гас во Софија.
На средбата е изразена подготвеност за реализирање заеднички проекти од ЕУ фондовите, а посебно беше посочена потребата од изградба на нов конектор меѓу двата гасоводни система.
Заеднички е оценето дека енергетиката е една од важните области за соработка за која има интерес од владите на двете земји да ја развиваат. Во наредните седмици Македонија и Бугарија ќе договараат меморандум за развој на енергетиката.
Премиерот Заев, претходно, на брифинг со новинарите истакна дека Република Македонија и Република Бугарија со средбите на највисоко ниво, со премиерот Бојко Борисов и со претставници на владино и државно ниво во Софија, отвораат „ново златно поглавје" во меѓусебната соработка.
- Споделувањето заеднички културни вредности е само придобивка и соработката меѓу Македонија и Бугарија ќе покаже како се унапредуваат добрососедски односи и се отвораат евроатлантски перспективи и за Република Македонија, но и за регионот, изјави Заев кој ја заокружи посетата на Бугарија со средба со претседателката на бугарската опозициска партија БСП, Корнелија Нинова, која, според владината прес-служба, исто така ги поддржа реформските процеси и евроатлантските аспирации на Македонија.
Ново на Сител
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ
-
И ДУИ и Вреди со завршни митинзи во Тетово во понеделник
-
Кампања за парламентарни избори
-
Осигурителните компании не ги поевтинија полисите