Македонија и Белгија ја интензивираат економската соработка
Владата на Република Македонија интензивно работи на раст и развој на економијата, преку имплементирање на мерки за поддршка на стопанството, порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на средбата во Брисел со неговиот белгиски колега, вицепремиерот и министер за економија и вработувања Крис Петерс.
- Креиравме сет на мерки за поддршка на стопанството, кои се транспарентни и исти за сите компании. Целта ни е да привлечеме нови реномирани странски компании да инвестираат во Република Македонија, веќе постоечките компании да вложат во технолошки развој и иновации и да развиваат нови производи, како и да ја зголемиме соработката помеѓу домашните и странските компании. Крајна цел на Владата е да ја поддржи и поттикне конкурентноста на компаниите, да се создаде поволна бизнис клима која ќе овозможи одржлив економски систем, кој ќе биде од полза на граѓаните, компаниите и на Република Македонија на долг рок, подвлече Анѓушев.
Соговорниците заклучија дека трговската размена помеѓу двете земји континуирано се зголемува и во 2017 година достигна 334 милиони долари, што е зголемување за речиси 300 отсто од 2013 година, кога изнесуваше 115 милиони долари.
Белгија е 10-ти трговски партнер на Македонија, во 2017 во однос на 2016 обемот е зголемен за 15 отсто. Белгија е една од ретките земји со кои Република Македонија остварува суфицит во трговската размена.
Како добра основа за интензивирање на меѓусебната економска соработка беше посочен и договорот за одбегнување на двојно оданочување помеѓу двете земји, кој стапи во сила на 1 јануари 2018 година.
Ново на Сител
-
ДИК прифати 7 приговори - Ќе се прегласува во Крушево, Охрид и Желино
-
Дом за стари лица во Прилеп инсталираше фотоволтаични панели
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе се прегласува во Желино - ДИК прифати приговор на коалицијата ВРЕДИ
-
Тема на денот со Игор Александров, македонска заедница во Австралија
-
ДИК одлучува по 27 приговори на парламентарните избори поднесени од „ВРЕДИ“, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Странците уживаат во гастрономските приказни
-
ДИК одлучува по 28 приговори на парламентарните избори поднесени од ,,ВРЕДИ‘‘, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица