-->
-->
Македонија гостува во Лондон
-->

Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва во Лондон во „Копер бокс“ салата го игра вториот натпревар од квалификациите за Еуробаскет 2017. Противник ни е селекцијата на Велика Британија. Во првото коло во средата двете селекции имаа различен ефект, Македонија победи, а Велика Британија загуби.
Од таа причина домаќинот ќе бара шанса за поправање на стартот, додека евентуален триумф на нашите кошаркари ќе ги зголеми двојно шансите за пласман на Европското првенство.
Домаќинот ќе игра под притисок дека мора да се победи, а тоа го знаат во нашиот табор и навестуваат дека овој натпревар ќе биде поинаков од оној во средата со Луксембург во Кавадарци. Пристапот во сите 40 минути треба да биде едно ниво – висок, без осцилации. Американецот со македонски пасош Ромео Тревис, надополни дека треба да се игра тимски и со поголемо внимание во одбраната.
Во вториот дуел од нашата Г група играат Унгарија и Луксембург. По првото коло Македонија и Унгарија имаат по една победа, додека Велика Британија и Луксембург имаат по еден пораз.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра
-
Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении
-
ДЗС: Во земјава нема активни пожари
-
Кина и Русија започнаа заеднички поморски вежби во Јапонското Море
-
Се очекува во Појасот Газа да влезат два камиона со вкупно 107 тони дизел