Македонија го презеде претседателството со Регионалната школа за јавна администрација

Македонија во 2019 година ќе претседава со Регионалната школа за јавна администрација. Претседавањето беше и официјално предадено денеска, на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, во рамки на 9. седница на Управниот одбор на министерско ниво во Брисел.
Како што соопшти МИОА, на состанокот учествуваат членови на Управниот одбор на РеСПА, односно министрите одговорни за јавната администрација во земјите од Западен Балкан и Косово и претставници на Европската комисија.
По завршувањето на состанокот на Управнниот одбор, почна и дводневната конференција на тема „Подобрување на јавната администрација преку регионална соработка”. Конференцијата ја отвори министерот Манчевски, кој се осврна на визијата на земјите од Западен Балкан, за реформа на јавната администрација.
-Како што влегуваме во 21. век, така се менуваат и очекувањата за тоа што владите треба да направат за да ја иполнат својата улога. Правилата што важеа до вчера повеќе не се релевантни. Ова се однесува и на јавната администрација. Улогата на РеСПА лежи во олеснувањето и јакнењето на регионалната соработка со цел да се постигнат висококвалитетни јавни услуги за граѓаните и бизнисите. Основниот двигател за постигнување на оваа цел е дигитализација, која неизбежно го менува начинот на функционирање на општеството. На овој начин, технологии нудат можност да се обезбедат поефикасни и широко достапни услуги, истакна Манчевски.
Со оглед на тоа што дигитализацијата станува сè повеќе присутна во нашите животи, се менува контекстот во кој работат бизнисите и владата. На овој начин, развиените општества обезбедуваат јавни услуги кои се повеќе се испорачуваат и администрираат онлајн во форма на „е-влада“, „е-услуга“, „е-здравство“, „е-учење“…“, истакна министерот Манчевски.
Како што посочи министерот Манчевски, доколку јавната администрација не ги прифати технолошките промени, тоа неизбежно ќе придонесе за неефикасна јавна администрација. Јавната администрација треба постојано да се надоградува за да ги прифати очекувањата на граѓаните на најдобар можен начин.
-Соочени со слични предизвици во процесот на градење на капацитетите на јавната администрација, земјите од Западен Балкан имаат потреба од вештини и капацитети за ИКТ и информациска сигурност. Како претседател на РеСПА за следната година, сакам да ја потенцирам важноста на безбедноста на информациите во контекст на процесот на дигитализација на јавната администрација. Преземањето активности во однос на градење на капацитетите е од голема важност, бидејќи безбеден и сигурен сајбер простор е столбот на дигиталното општество и економскиот раст, заклучи министерот Манчевски.
Регионалната школа за јавна администрација е меѓувладина организација која ја поддржува соработката и реформата на јавната администрација во Западен Балкан.
Од октомври 2017 до октомври 2018 година, во соработка со бројни партнери од Европа и Западен Балкан, а поддржано од повеќе од 200 меѓународни и регионални експерти, РеСПА има воспоставено мрежа од околу 1.000 јавни службеници во регионот преку најмалку 50 активности за градење на капацитети. Во наведениот период, РеСПА, изготви 7 регионални компаративни студии со препораки за политики шо се однесуваат на решенија за реформата на јавната администрација (РЈА ) во Западен Балкан.
Ново на Сител
-

Собранието до 20 јули ја продолжи кризната состојба поради ризици во снабдувањето со нафта и нафтени деривати
-

21-годишник објавил слики и видеа од возилата АРМ, кривична за нарушување воена безбедност и тајност
-

Напаѓачот што уби девет луѓе во југоисточна Турција дејствувал сам
-

Во Сараево евакуирани два трговски центра поради дојава за поставени бомби
-

МВР демантира: Има доволно обрасци за возачки дозволи за наредните три години
-

Чеферин во Скопје: УЕФА со силна поддршка за македонскиот фудбал
-

Лековите за Алцхајмерова болест „не прават никаква значајна разлика за пациентите“, според научници
-

Кампања на РСБСП - Безбедно на мотоциклите
