Македонија ги рагледува можностите за користење на естонските искуства во дигитализацијата
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, кој учествува на меѓународна конференција за отворено владино партнерство во Тбилиси, Грузија, оствари средба со естонскиот министер за јавна администрација Јанек Маги.
На состанокот е разговарано за процесот на дигитализација во Естонија и позитивните искуства кои може да се пренесат во Македонија и во тој контекст се разгледани можностите за потпишување на меморандум за соработка.
Министерот Манчевски, како што соопшти неговиот Кабинет, оценил дека експертизата што ја има Естонија може да послужи како пример и мотив за посветеност и реализација на зацртаните цели за дигитализација на Македонија. Тој додал дека соработката на ИКТ компании во двете земји, инвестирањето во иновативни проекти и стартапи во Македонија е отворена и истакнал дека Министерството и Владата работат на тоа Македонија по примерот на Естонија да биде следната ИКТ дестинација во Европа.
Ново на Сител
-
Претрес во Карпош, уапсен 18-годишен дилер
-
ЦУК: Гостите од хотелот „Радика“ во Маврово извлечени со помош на специјално возило
-
Уапсени две лица кои ограбиле автомобил во Карпош
-
Вонреден инспекциски надзор во ОУ „7 Март“ во Челопек
-
„Внимавајте“, Народна банка со предупредување до граѓаните
-
Обвинителството изврши увид во Куманово, едно од запалените возила е на јавен обвинител
-
Приведен криумчар на мигранти
-
Опожарени возила и фотокопирница во Куманово