Loading Video...
Фудбал
22. March 2023 - 19:09

Македонија е фаворит во дуелот со Малта

Фудбалската репрезентација на Македонија утре го започнува новиот циклус на квалификации за Европското првенство што ќе се одржи в 2024 година.  
 
Македонските фудбалери ја имаат улогата на за фаворити во утрешниот дуел против Малта селекција која важи за апсолутен аутсајдер  во Ц групата, во која се уште и топ фаворитите, репрезентациите на Италија и Англија, како и веќе докажаната Украина.
 
Нашите фудбалери ја прифаќаат улогата на фаворити на утрешниот меч, па реално велат дека тоа ќе треба да се потврди со играта на теренот, но не размислуваат на ништо друго освен на победа.  
 
И капитенот Стефан Ристовски смета дека Македонија е поквалитетна репрезентација и дека победата треба да заработи со голема борба.  
 
Селекторот Милевски, составот со кој ќе го започне мечот веќе го има во глава, но ќе почека до утре да види со кои 11-тмина ќе стартува, но сигурно од комбинација отпаѓа Дориан Бабунски кој поради повреда покрај утрешниот меч со Малта ќе го пропушти и пријателскиот со Фарски Острови закажан за во понеделник.
 
Нашата селекција попладнево ќе го одработи и единствениот тренинг на арената Тодор Проевски каде утревечер од 20:45 часот ќе се одигра натпреварот со Малата.