Македонија домаќин на Интернационалниот семинар за развој - СИД
Над 60 претставници на студентските ИАЕСТЕ комитети присуствуваат на 32. Интернационален семинар за развој - СИД којшто почна вчера, а чиј домаќин годинава е ИАЕСТЕ Македонија - Меѓународна организација за размена на студенти од техничките факултети.
Поголемиот број делегати се од земјите од Европа, како Германија, Швајцарија, Велика Британија и Ирска, но пријавени се и делегати од САД, Таџикистан, Индија и Палестина.
На годинашниот семинар ќе се разгледаат предлозите за надзорниот одбор и за Генералната конференција кои се однесуваат за развојот на ИАЕСТЕ. Учесниците на семинарот ќе споделат нови и иновативни идеи кои се оформуваат на работни групи поделени во пет категории: размена на пракси, ИТ платформа за размена, маркетинг, стратешки развој и водич за работење со практикант.
Семинарот придонесува за развој на разменската програма со што се овозможува стручно и професионално дообразување на студентите.
Со овој настан, меѓудругото, се промовира и Република Македонија на светско ниво со пост-конференциска тура на која учесниците се запознаваат со традицијата и културата на земјава.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ