Македонија домаќин на Балканските спа награди

Македонија првпат е домаќин на Балканските Спа Награди кои се доделуваат во осум категории, а за нив се натпреваруваат учесници од осум балкански држави.
Ќе бидат доделени награди за најдобар спа-хотел, најдобар спа- центар, најдобар здравствен спа - хотел, најдобар спа-менаџер, најдобар спа-козметика, најдобра фирма за изградба на спа, најдобра спа- инвестиција и најдобар спа- ланец.
За престижните наградиќе се натпреваруваат учесници од Македонија, Бугарија, Турција, Грција, Романија, Косово, Албанија и Србија.
Од Македонија ќе учестуваат девет номинирани субјекти од спа- индустријата, и тоа Дебарски Бањи-Цапа, Хотел Изгрев, Хотел Аурора, Хотел Русија и др.
Жирито за евалуација на номинираните е составено од спа- експерти од сите држави кои се вклучени во мрежата на организацијата „Спа номинации“.
Добитниците на наградите ќе имаат можност да присуствуваат на доделувањето на светските спа награди кои ќе се одржат во февруари во Лондон.
Церемонијата ќе се одржи во Македонскиот народен театар, која ќе ја отвори министерот за економија Беким Незири. Специјални гости ќе бидат претставници на неколку светски хотелски асоцијации, стопански комори и инвеститори. Домаќини на церемонијата ќе бидат Сашко Коцев и Ивана Хаџиевска. Дел од програмата ќе бидат и светски познатите „Трио тенорите“ и акробатскиот уметник Сирма Добрева, како и нашата позната поп пејачка Тамара Тодевска.
Ново на Сител
-

Поднесен Обвинителен предлог за злоупотреби против поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчески
-

Едногласна доверба за нови успеси – проф. д-р Влатко Неделковски избран за нов мандат за декан на ФФОСЗ
-

Литванија стравува од можни руски напади врз клучна инфраструктура
-

Во касарната „Гоце Делчев“ постројување на доброволните пожарникари од целата држава
-

Турција одбележува десет години од неуспешниот обид за воен удар
-

СП 2026: Дешан – Многу сме разочарани
-

Лишен од слобода Александар Лазаров кој избега од Полициска станица во Кочани
-

Мицкоски во Глумово, ќе изврши увид на проектните активности за регулација на Сува Река
