Македонија дел од Европската недела за помалку отпад

Македонија се вклучува во одбележувањето на Европската недела за помалку отпад во чии рамки од 20 до 26 ноември ќе се организираат стотици настани низ цела Европа.
Европската недела за намалување на отпадот е иницијатива насочена кон промовирање на дијалог и активности за подигање на свеста за одржливо управување со ресурси и управување со отпадот која охрабрува широк спектар на учесници (јавни власти, приватни компании, граѓанско општество) и иницира нивно вклучување во програмата.
Како дел од македонскотт партиципирање во Европската недела за намалување на отпадот, денеска во ЕУ Инфо Центарот во Скопје ќе биде одржана дебата „Дали го селектираме отпадот во нашите домови“.
Целта на дебатата е отворање јавен дијалог за управувањето со отпадот во домаќинствата со фокус на искористеното масло за јадење, развивање свест за последиците и придобивките од (не)селектирање на отпадното масло за јадење, поттикнување соработка и вмрежување на клучни фактори на системот и презентирање на добри практики.
Ново на Сител
-

Три месеци ја демнел и ја уценувал со тајно направени експлицитни снимки ако не биде со него
-

Мајката му однела пакет во „Идризово“, затворските служби пронашле 171 таблета
-

Пијан 19-годишник нападнал полицаец во Гостивар, приведени уште две лица
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција
-

Уапсени двајца велешани, пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага
-

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, вкупно 3000 можни стипендии
-

Скопје денеска имаше најстудено утро, локален дожд попладне и во текот на ноќта
-

Денеска е Митровден - празник посветен на Светиот великомаченик Димитриј
