Македонија 66-та според индексот на перцепција на корупција за 2015 година

Македонија со 42 поени е позиционирана на 66. место на листата од 168 земји во светот според индексот на перцепција на корупцијата за 2015 година, што го објави денеска Транспаренси интернешенл.
Индексот на прецепција на корупција се мери со скала од 0 до 100 при што 0 е највисок степен на корупција, а 100 најнизок.
Од земјите во регионот Словенија со 60 поени е на 35. место, Хрватска е на 50. место со 51 поен, Грција на 58. со 46 поени, Црна Гора со 44 поени е на 61. место, Турција на 66. со 42 поени, Бугарија на 69. со 41 поен, Србија на 71. со 40 поени, БиХ на 76. со 38 поени, Албанија на 88. со 36 поени, а Косово на 103-то место со 33 поени.
Најмалку корупција според Транспаренси интернешнл има во Данска која има 91 поен, Финска со 90, Шведска 89, Нов Зеланд 88, Холандија и Норвешка по 87 поени, а најмногу во Сомалија и Северна Кореја со по 8 поени, Авганистан со 11 и Судан со 12 поени.
Како што информира Слаѓана Тасева од Транспаренси интереншенл - Македонија на денешната прес-конфереција, 66 отсто од 168-те рангирани земји според индексот на прецепција на корупцијата имале резултат под 50 поени.
Таа посочи дека најголем пад во последните четири години бележат Либија, Австралија, Бразил, Шпанија и Турција, а најголемо подобрување се воочува во Грција, Сенегал и Велика Британија.
Ново на Сител
-

СП 2026: Нејмар нема да настапи против Хаити
-

СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
-

Македонска државјанка се удави на Халкидики
-

ФФМ: Штетатa нанесена на ФФМ од 2015 година до 2019 година e повеќе од 2,5 милиони евра
