Македонец во Италија со шипка му ја скршил ногата на малолетниот син
Македонски државјанин на возраст од 31 година и неговата сестра (27) се под истрага за малтретирање на малолетниот син на нашинецот, кој трпел физичко и психичко насилство во домот, информираат италијанските медиуми.
Поради заштита на детето, од полицијата не даваат повеќе податоци за осомничените, освен дека 13 годишникот живеел со својот татко и тетка си во стан во Фоџа. Додека трае истрагата судот на насилниците им одредил забрана за пристап до детето.
Случајот во полицијата го пријавиле волонтерите во социјалните служби кои забележале дека детето, кое боледува од епилепсија е жртва на физичко и психичко насилство кое во континуитет се одвивало. Набргу инспектори го испитале случајот и по наредба на обвинитлството на насилницитеим бил забранет пристап до малолетникот.
Таткото и тетката се осомничени за малтертирање, физичко насилство и негрижа врз синот, односно внукот. Истрагата овозможила да се реконструира како двајцата оомничени го подложиле детето на неподнослив животен режим, како од материјален така и од морален аспект, со акти на сериозно занемарување и угнетување.
Таткото и тетката често не му даавале храна или го терале постојано да клечи. Го оставале дома сам и не му давале да се дружи со други деца. Кога имал траги од тепањето не му давале да оди во училиште.
Малолетникот бил запоставуван и на дневна основа, односно бил лишуван од секојдневните потреби, не му обезбедувале лична нега и хигиена, намерно избегнувајќи да му обезбедаат здравствената заштита на детето, кое иако страдало од епилепсија не му ги давале потребните лекови.
Таткото постојано вршел физичко насилство, најчесто тепајќи го со каиш, а кулминацијата се случила во јануари годинава. Тогаш насилникот со метална шипка го претепал синот, при што му ја скршил десната подлактица и чашката од коленото на левата нога.
Извор: 24 Инфо
Ново на Сител
-
Тошковски: Расветлени се мотивите за дел од случаите со пожарите кои настанаа изминатиот период
-
Уапсено лице кое предизвикува пожар во скопско Огњанци
-
Објавена снимка од надзорна камера, Арсовска прва нападнала, а полицијата веднаш реагирала | ВИДЕО
-
Освоивме прва награда на ICAMES во конкуренција на 15 држави | Елена и Марко од ФЕИТ | Sitel Podcast 103
-
Алкараз ќе ја брани титулата на Вимблдон, откако избори трето финале
-
Новата ракометна сезона ќе ја отворат Еурофарм Пелистер и Вардар во Супер купот
-
Утре потопло со пораст на дневните температури
-
Општина Чаир го осудува нападот врз Арсовска, нагласува дека никој од институцијата не е поврзан со настанот