Македонец кој бил десна рака на Седат Пекер уапсен во Турција
Денеска турската полиција уапси македонски државјанин кој му бил десна рака на мафијашот Седат Пекер, објавија турските медиуми.
„Конечно, лидерот на криминалната организација Бобан Томовски, познат по својата блискост со Седат Пекер, беше фатен на аеродромот Сабиха Гикчен. Томовски, кој наводно бил вмешан во шверц на дрога, бил приведен при обид да замине во Египет”, пишуваат турските медиуми повикувајќи се на полициски извори.
Како што пренесуваат медиумите, Томовски му бил близок соработник на Пекер и заедно дејствувале во Македонија, а живеел како бегалец во Обединетите Арапски Емирати.
Полицијата го привела на аеродромот Сабиха Гокчен во Истанбул.
Според тврдењата на турските медиуми, Томовски, кој имал чести средби со Пекер во Македонија, бил на пат да замине во Египет преку Турција.
Ново на Сител
-
ДУИ ја почитува одлуката на Стејт Департментот
-
Вучиќ: Не сум Асад, нема да бегам
-
Васко Ковачевски недостапен за полицијата, во септември ја напуштил државата
-
Македонец почина на зимување во Банско
-
Зијадин Села до Груби: Повлечи се од политиката и соочи се со обвиненијата
-
Груби: Од медиумите дознав дека сум ставен на црна листа на САД
-
Во голема акција на МВР уапсен Васко Ковачевски и уште 28 лица
-
Четири камиони изгореа во фирма во Визбегово