Македонците во Ербеле, Албанија го одбележаа празникот Преображение
Македонците од повеќе места во Република Албанија, во селото Ербеле, област Поле или Долни Дебар, кое се наоѓа во близина на македонската граница кај Дебар, го одбележаа големиот христијански празник, Преображение.
Во црквата „Свето Преображение“ која датира од 12 век, се собраа Македонци по потекло од Ербеле а кои денес живат во Тирана, Драч, Елбасан, Маќелара, Горно Крчиште, како и во Дебар и други градови во Македонија. Меѓу присутните беа и преставници на Македонско друштво “Илинден” со седиште во Тирана.
Пред неколку години на овој празник во селото Ербеле се воведува обичај, да се меси погача во која има паричка. На оној кому ќе му се падне паричката од погачата го преземе кумството за наредната година.
Ноќта спроти празникот во оваа црква доаѓаат не само православни туку и муслимани. Спијат во овој божји храм и се молат за излекување од разни болести, зашто црквата има исцелителна моќ. Според жители на ова село голем број луѓе тука го нашле лекот за својата болест,се излекувале.
Црквата „Свето Преображение“ во 1973 година албанските власти ја прогласија за споменик на културата.
Ново на Сител
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции