Македонците во Бугарија ќе отвораат приватни културни клубови во своите дворови
По затворањето на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград од страна на бугарските власти, Македонците во Бугарија не се откажуваат од отворање на приватни клубови. Борислав Божинов од с. Крумово, во околината на Пловдив, најави отворање на клуб „Јане Сандански“ или „Македонија“ во неговиот двор.
- На пролет ќе го отворам приватниот клуб, да нема никаква врска со државата, со даноци, со ништо, изјави Борислав Божинов
- Ние сме робови на Бугарите. Пиринска македонија е поробена 1912 година и од тогаш до сега ние немаме слобода- изјави Кирил Иванов, ОМО Илинден - Пирин
- Ние сме Македонци и Македонци ќе си останеме. Целта е да ја подигнеме самосвеста на нашите Македонци во Бугарија и Пловдив. Има многу бегалци од Егејска Македонија во Пловид, додаде Божинов
И Македонците во Албанија се соочуваат со притисоци од бугарската пропаганда, сведочи поранешниот пратеник во албанското собрание и претседател на единствената македонска партија, Васил Стерјовски.
- Се работи за пропаганда која годишно троши милиони евра за да ги постигне своите цели за асимилација на Македонците во Албанија. Бугарија го користи членството во ЕУ за притисок врз Албанија да ги постигне своите цели. - изјави Васил Стерјовски, политичар и историчар од Албанија
За заштита на правата на Македонците во сите околни земји, денеска во Штип беше потпишана декларација.
- Секогаш таквите патриотски декларации се добри, за да се испратат до меѓународните организации, за да се знае, кој сме, што сме и што бараме- изјави Отец Никодим Царкњас
Беше презентирана и изложба на документи од архивот на САД, за самоопредулвањето на македонските емигранти од крајот на 19-иот и почетокот на 20-иот век.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар