-->
-->
Македонците во Албанија ја одбележаа Василица
-->
Традиционално, Македонците во Албанија го прославја празникот Свети Василиј Велики, со кој се означува почетокот на Новата година, според Јулијанскиот календар. Празникот се одбележа во духот на македонските обичаи и традиција.
-Синоќа во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник, се палеа Василичарски огнови, се пиеше вино и топла ракија, се пееја песни. Според традицијата наследена од дедовци прадедовци, деца маскирани и со некој музики инструмент во рака одат од куќа во куќа пеат песни и прават голема врева со тенџериња и ѕвонци кои ги носат со себе, вели Васил Стерјовски.
Во секое македонско семејство ширум Албанија, во Тирана, Елбасан,Драч,Корча,Подградец…домаќинките подготуваат пита или како што ја нарекуваат мазник со паричка. Се верува дека на оној кому ќе му се падне, во текот на годината ќе му се случуваат убави нешта.
Сега, вели Стерјовски, се се подготвуваме за големиот празник Водици.
Честитка по повод Православна Нова година, до сите Македонци во Албанија, во матичната земја и дијаспората упати македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо, со желби за здравје, среќа, мир и благосостој
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повторно издаден налог за апсење на претседателот на Јужна Кореја
-
Поради шумски пожар, 30.000 луѓе се евакуирани во близина на Лос Анџелес
-
Трамп бара членките на НАТО да потрошат пет отсто од својот БДП за одбрана
-
Сончево и релативно топло за овој период од годината
-
Сообраќајот тековно, во зимски услови
-
Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале
-
14-годишно момче избодено до смрт во Лондон
-
Пожар во куќа во Гази Баба