-->
-->
Македонците оптимисти - очекуваат економски просперитет во 2018 година
-->
Македонците се оптимисти во однос на економскиот просперитет во 2018-та, поголемиот број се надеваат на подобра година, а се чувствуваат и посреќни од поголемиот дел испитаници во другите држави во светот, покажува најновиот Глобален барометар на Брима Галуп.
- Како и претходната година, така и оваа, испитаниците во Македонија покажуваат големи очекувања за следната 2018-та кога е во прашање економскиот просперитет што се повисоки од светскиот просек. Вкупно 36 отсто од македонските граѓани очекуваат 2018 година да биде со економски просперитет, 24 проценти сметаат дека годината ќе биде со економска потешкотија, а 34 отсто дека нема да има промени,
стои во Извештајот.
На прашањето „Дали сметате дека 2018 година ќе биде подобра, полоша или иста од 2017 година?“, 46 отсто изјавиле дека очекуваат следната година да биде подобра, 18 проценти да биде полоша, а 31 отсто очекуваат да нема промени. Нето резултатот изнесува +28 отсто што е значително повисок од минатата година кој изнасуваше +18 проценти.
-Нето резултатот на Среќа во Македонија изнесува +54 отсто што е повисок од светскиот просек, +48 проценти.
На прашањето „Д
али
лично се чувствувате многу среќно, среќно, ниту среќно ниту несреќно,
несреќно или многу несреќно во животот?
“
13 отсто од македонските испитаници
изјавиле дека се чувстуваат многу среќно, 48 проценти се чувствуваат
среќно, 30 отсто
ниту среќно, ниту несреќно, а шест проценти, т.е. еден отсто
несреќно и многу несреќно, наведува Брима Галуп.
На светско ниво, граѓаните очекуваат економски потешка година или, како што стои во извештајот, економскиот песимизам конечно „победи”.
Надежта, пак, е пораспространета од безнадежноста, но со опаѓачки тренд во однос на претходната година, додека околу две третини или 59 отсто од испитаниците во светот се изјаснуваат како среќни.
Во регионот, Албанците се најоптимистични за економскиот просперитет, но имаат и најмногу надеж за подобра година, додека најпесимистични се Грците. Во однос на среќата, сите се на т.н. позитивна оска. Предничи Косово со 62 отсто од испитаниците, а последна е Грција со 21 процент.
За истражувањето на Брима Галуп се интервјуирани
53.769 лица на глобално ниво. Во секоја земја
националниот примерок опфаќа околу 1.000 мажи и жени кои беа интервјуирани лице в лице, преку телефон или он-лајн. Теренската работа е спроведена во текот на ноември - декември 2017 година. Севкупната маргина на грешка изнесува три до пет отсто.
Во Македонија е спроведена теренска анкета, лице в лице, во домот на испитаникот, на репрезентативен примерок со 1.210 испитаници постари од 15 години, во периодот 21 ноември - 01 декември 2017, со маргина на грешка од +/- три отсто.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дал 5 евра за автобусот да ја мине границата, уапсен 28-годишен Косовец на Блаце
-
Извршена исплата за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко за периодот јануари-јуни 2024 и исплата за градинарско производство
-
Забрана за движење товарни моторни возила на патот Дебар - Маврово и Тетово – Попова Шапка
-
Студено и ветровито време со локални врнежи од снег
-
ДУИ: Рeвизија на приватизацијата
-
СДСМ: Измамата со кошничката се гледа во маркерите - повисоки цени наместо пониски
-
Тешко повредена жена откако во неа удрил „цитроен“ - возачот го напуштил местото
-
Најпознатиот божиќен хит на Мараја Кери е издаден пред точно три десетлетија